Во изјава за медиумите по координативната средба, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека било пракса претседател на комисијата за избори и именување да биде од пратеничката група која освоила најмногу мандати.
„Содржинска промена во позицијата нема. Досегашната пракса говори дека претседателот на комисијата за Избори и именувања е од најголемата пратеничка група во Собранието, без исклучок. Бројот на пратеници и членови во комсиите не е добродателно на една партија спрема друга, туку е одлука на граѓаните врз база на егзактна математика.
Соодносот ниту беше, ниту може да биде предмет на разговор, така се применува наназад години. Претседателското место припаѓа на најголемата пратеничка група.“
Димовски додаде дека доколку некој се обиде со сила да изгласа претседател на комисијата ќе си ги сноси политички и формално правни последици.
На новинарско прашање на какви последици мисли, Димовски кратко одговори „ќе видите во моментот“.