12.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

Димитриевски: Режимот ќе падне, департизацијата е неминовна!

spot_img

Пратеникот од СДСМ, Максимм Димитриевски јавно на својот профил прашува колкумина од оние кои имаат поплаки за проблемите во Министерството за одбрана и АРМ, се спремни да проговорат јавно.

Димитриевски вели департизацијата е неминовна и професионализацијата ќе следи, но за тоа е потребно сите заедно да се изборат.

Во продолжение ставот на Максим Димитриевски

„Деновиве добив многу пораки во инбокс со поплаки од вработени во МО и АРМ за вршење на мобинг и невиден притисок од страна на претпоставените за присуство на протестите кои се во тек.
Пораките се од веродостојни но и од лажни профили (разбирливо, владее страв од режимот).

Јавно прашувам, дали помеѓу Вас пријатели има лица кои се подготвени јавно да проговорат за ваквите притисоци?

Режимот ќе падне, департизацијата е неминовна, професионализацијата следи но потребно е заедно да се избориме за тоа…

поврзани објави

         

Последни објави