Најталентираниот голман на светот, Џанлуиџи Донарума летото би можел да стане најскапиот платен играч во историјата на фудбалот, откако сериозен интерес за неговите услуги покажа премиерлигашот Манченстер Сити, кој е спремен на Милан да понуди сума измеѓу 120 и 150 милиони евра.
Донарума има само 18 години, а веќе зад себе има две профезионални сезони, дебитираше и во А тимот на фудбалската репрезентација на Италија, а сигурно е дека ќе го наследи легендарниот голман Буфон на голот на Азурите. Поради овие причини Манчестер Сити во него гледаат опција која ќе ги реши сите полемики меѓу стативите за подолг временски период.
Откако на клупата на Сити застана Пеп Гвардиола, имаше доста проблеми со голманите. Џо Харт кој беше стандарден изминатите неколку сезони на голот на „граѓаните“ беше заменет со чилеанецот Клаудио Браво, а после неговото „фијаско“, моментално решение е искусниот аргентинец, Вили Кабаљеро.
Донарума честопати беше поврзуван со актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, посебно поради добрите односи меѓу клубот и агентот на младиот голман, Мино Рајола, но јасно е дека „Старата Дама“ не може финансиски да парира со „Граѓаните“.