Конфедерацијата на слободни синдикати ги охрабрува работниците чии газди им исплатуваат минимална плата, а подоцна бараат да им вратат дел од парите, таквите случаи да ги пријават кај нив.
„Треба да ги охрабриме работниците кои им се случуваат такви работи, да ги пријават кај релевантните органи и секако кај синдикатите. Ние им стоиме на располагање на сите работници на кои им се случува такво нешто дека слободно можат да го пријават во конфедерацијата на слободни синдикати и ќе бидат заштитени“, вели Ралповски.
Тој денеска со своите колеги го прославуваше приемот во европската и светската конфедерација на синдикати.
„Пред да се донесе минималната плата, 65 илјади работници земаа по 50-60 евра плата во Македонија. Мислам дека е голем успех што нивните примања во овој момент се дупло покачени. Мислиме дека ова е голем успех и една појдовна точка од која може да се разговара понатака, да се дискутира и анализира и можеме да придонесеме за покачување на минималната плата“ – додава Ралповски.