6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СЈО со прес-конференција во 11 часот

Специјалното јавно обвинителство преку својот официјален Твитер профил вчера најави прес-конферанција за денес (23 март), која ќе започне во 11 часот.

„Транспортер носи тотал триста табли кај Тифани“, е најавата на СЈО, со што може да се претпостави дека ќе следува нов случај кој повторно ќе биде на буквата „Т“, пракса која се остварува во минатото.

Последната истрага на СЈО беше отворена на 28 февруари, истражна постапка „Труст“, во која првоосомничен беше бизнисменот Сеад Кочан против кого е издадена потерница, но тој веќе десетина денови се наоѓа во бегство.

поврзани објави

Последни објави