Кон средината на јуни во продажба ќе бидат пуштени билетите за најголемиот фудбалски спектакл во Скопје, УЕФА Суперкупот кој ќе се одигра на 8. август на Арената „Филип Втори“ во Скопје.
Македонската јавност со нетрпение очекува информации околу продажбата на билетите, а конечно е познато дека цената на влезниците ќе се движи од 15 до 38 евра.
За фудбалската јавност во Македонија ќе бидат пуштени во продажба околу 20.000 билети, поради тоа што капацитетот ќе биде намален поради безбедносни причини.