6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

СДСМ: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не ги кочат парламентарните процедури за Груевски, ќе има нова Влада

Мора да се одблокираат парламентарните процедури и согласно Деловкикот што побрзо да се избере претседател на Собранието, порачуваат од СДСМ.

Новиот претседател на Собранието ќе прати Допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за состав на новата Влада, велат од

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат право заради заштита на криминалните интереси на Никола Груевски да се инволвираат во продолжување на политичката криза, што оди на штета на интересите на граѓаните, на бизнис секторот и на иднината на државата, додаваат од

На кредибилни избори се избрани новите пратеници во Собранието кои имаат право според Уставот да го формираат новото парламенатрно мнизинство. Груевски имаше 20 дена, но не успеја да формира Влада, стои во соопштението од

„Претседателот на СДСМ, Зоран Заев го формираше потребното мнозинство во Собранието. Тој веќе ја објави Програмата на новата реформска Влада, којашто го штити унитарниот карактер на државата, гарантира владеење на правото и решенија за потребите и проблемите на сите граѓани“, велат од

„Европската унија соопшти дека има позитивни намери со Македонија, отворање на поглавјата 23 и 24 поврзани со правосудството и безбедноста. Тоа ги отвораат и европските перспекриви на државата и на граѓаните и тоа е патот на Македонија. Република Македонија мора да се движи напред. Следен чекор во политичките процеси во Македонија е формирање на новата реформска Влада“, заклучуваат од СДСМ

поврзани објави

Последни објави