16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Скопските такси-компании најавуваат поскапување ако Владата не им помогне

реставниците на такси-компаниите од Скопје велат дека засега цената на нивните услуги е иста, но од надлежните бараат да преземат мерки кон нелојалната конкуренција, за услугите да не поскапат, објави Алсат.

„Има решение цената да остане иста за граѓаните од институциите да бидат задоволни и да не ги чини ниту денар. Тоа значи дека инспекторите ќе излезат и ќе расчистат со нелојална конкуренција. Тоа се таксисти кои немаат лиценци, такси без фискални таксиметри и таксисти кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, или пензионери. Тоа значи дека пензионерите работат како таксисти“, рече Сашо Рајчановски од Скопје Такси Груп.

Од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје велат дека цените на билетите нема да се менуваат.

поврзани објави

Последни објави