3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Бејта: ВМРО-ДПМНЕ даде предлог полицајците Албанци да имаат униформи на албански јазик

Потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта вечерва истакна дека платформата понудена од албанските политички партии е прифатена целосно од ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека она за кое не се усогласиле ставовите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е СЈО, а не и другите барања содржани во самата платформа.

Во интервју на Алсат-М, Бејта открива дека ВМРО-ДПМНЕ предложиле и двојазичност на полициските униформи.

„Тоа беше нивен предлог, со кој се согласивме и ние, полицајците Албанци да имаат униформи на албански јазик. Тоа е нивен предлог, полициските униформи на Албанците да бидат двојазични на македонски и на албански јазик“, изјави Бејта.

Додека од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период тврдат дека со ДУИ не се согласувале околу платформата во која се бара двојазичност, од ДУИ ги негираат ваквите тврдења и велат дека единственото нешто околу кое не се согласиле двете партии е продолжувањето на рокот на Специјалното јавно обвинителство.

поврзани објави

Последни објави