2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Нелоски: Аболицираниот криминалец Зоран Заев мора да се соочи со правдата!

Претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Нелоски, денес со прес – конференција за случајот Поткуп, во кој на претседателот на СДСМ, Зоран Заев му се суди за наводно мито.

„На лажговците и на оние кои ги подриваат институциите и ја потценуваат интелигенцијата на народот не им е местото ниту во Собранието, ниту во политиката. Народот рекол кој лаже, тој и краде. Зоран Заев беше фатен и пријавен за обид да изнуди и украде пари од струмички бизнисмен, вели денес членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Во продолжение следува интегрален текст од прес–конференцијата на Нелоски:

„Сега аболицираниот криминалец по којзнае кој пат е повторно фатен во лага. Лага со која сака да избега од кривичната одговорност за криминалот што го вршел.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев бесрамно го лажеше судот, ги лажеше медиумите, ја лажеше јавноста. Тој за да го избегне судскиот процес во случајот Поткуп, најпрво лажеше под полна материјална и морална одговорност дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромеро и затоа не можел да дојде на рочиштето.
За ова дојде демант директно од име на италијанскиот амбасадор. Кога оваа негова лага беше разоткриена, тој без око да му трепне кажа нова невистина овојпат дека се сретнал со конзулот на амбасадата. Во овој случај самата амбасада го демантираше тоа.

Вистината на крајот покажа дека Зоран Заев неоправдано го одложувал своето појавување во судот затоа што наводно имал некаква средба со извесен Стојан Витанов, лице што не е вработено во италијанската амбасада. Амбасадата информираше дека ова лице е само ангажирано без финансиски надоместок во амбасадата како коресподент. Тој не е вработен, ниту е репрезент на амбасадата, Нема никаква моќ, дури и оние ограничените што ги припишуваат на конзулите или на заменик-почесните конзули.
Аболицираниот криминалец влегува во серија лаги и тоа не не изненадува, бидејќи кој краде тој и лаже. Тој покажа дека после случајот Глобал тежок осум милиони евра, аболицијата од Црвенковски за него е само поттик да продолжи со криминал бидејќи смета дека не одговара како и останатите граѓани пред законите на оваа земја. Аболицијата за случајот Глобал, за Зоран Заев е сигнал дека тој е неказнив пред македонските судови.

Аболицираниот криминалец Заев може да бега, ама не може да побегне на правдата. Тој ќе одговара пред судот за изнудата од типот едно евро за Црквата, едно евро за Вицето, и за тоа нема да му помогнат ниту никакви средби со кафекувари, портири или шофери. Криминалци како Зоран Заев ќе се соочат со правдата порано или подоцна. Ако успеа да се спаси со аболиција за криминалот тежок 8 милиони евра, овојпат ќе одговара за рекетот кој го правел од позиција на градоначалник со кој сакал да се збогати за дополнителни речиси 200 илјади евра.

Институциите на правдата мора да се одважат и да покажат дека нема да толерираат сериски лажговци и криминалци како Заев да се кријат зад превезот на политичари. Судовите не смеат да подлегнуваат под притисоците за реизбор на судии и треба да ги санкционираат сите лаги. Недозволиво е следното рочиште аболицираниот Заев да бара да го одложи заради наводна средба со помошникот на водоинсталатерот во некоја од амбасадите“.

поврзани објави

Последни објави