17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Куманово пример за способноста на СДСМ да се справи со загадувањето

ВМРО ДПМНЕ во реакција на денешното соопштение од СДСМ оцени дека таа партија ја покажала способноста за искрено справување со проблемот за загадување во Куманово, каде 12 години е на власт, а која, како што посочува, е најзагадена општина во Македонија и Европа со 50. проценти повеќе од кој било друг град во државата.

„СДСМ и соросовите платеници од таканаречените невладини организации за овој случај молчат, но нивното лицемерие е гласно. Се покажа како целосна лага и виртуелни ветувања, проектите за наводна гасификација на Куманово“, наведува ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ, Куманово е најзагадениот град поради сообраќајниот хаос и непланската и дива урбанизација, градот е претворен во депонија и не е реализиран ветената гасификација.

„Владата која што ќе ја предводи ВМРО ДПМНЕ во идниот период ќе ги реализира проектите кои што ги изгласаа граѓаните, а кои ќе придонесат за поздрава животна средина, истакнува во реакцијата ВМРО ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека проектите како субвенционирање греење на пелети, субвенционирање на набавка на електрични возила и набавка на електрични автобуси, воспоставување на реална гасификација на цела Македонија, а не виртуелна каква што Заев и СДСМ ветувале ќе допринесат за подобрување на квалитетот на воздухот во урбаните средини и подобрување на животната средина, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави