4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Работна средба на претседателот на СДСМ Зоран Заев со градоначалникот, Жерновски

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска се сретна со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

На средбата се разменети мислења за актуелната политичка состојба, како и за работата на општината и за предизвиците со кои се соочува општина Центар. Разговарано е за реформите што новата реформска Влада планира да ги направи во локалната самоуправа,со цел ефективно и транспарентно работење на општините исклучиво во интерес на граѓаните.

Градоначалникот Жерновски го информираше претседателот на СДСМ за реализацијата на Програмата на општината и за постигнатите резултати, со оглед дека општината за три ипол години реализираше 230 проекти и покрај сите опструкции од досегашната централна власт, соопштуваат од општина Центар.

На средбата е изразена согласност дека поништувањето на спорните детални урбанистички планови е чекор плус во насока на заштита на интересите на граѓаните и борбата против урбаната мафија.

– Драго ми е што денеска имав можност одблиску да го запознаам претседателот на СДСМ со работата на општина Центар. Како човек со големо искуство и градоначалник во три мандати, кој сега е пред формирање на новата реформска Влада, претседателот на СДСМ, Зоран Заев имаше конструктивни сугестии и идеи што може да придонесат кон натамошен развој на општина Центар, е ставот на градоначалникот Жерновски.

На состанокот градоначалникот, Жерновски и претседателот на СДСМ, Заев, изразија задоволство од досегашната меѓусебна соработка.

По состанокот, претседателот на СДСМ направи обиколка, ги посети вработените во општината и салата на Советот на општината, којашто во 2013 година беше демолирана поради нарачаното насилство од страна на Никола Груевски, кога беа доведени во опасност животите на избраните советници, градоначалникот, администрацијата, амбасадорите и медиумите.

поврзани објави

Последни објави