23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ТРАГЕДИЈА КОЈА ВОЗНЕМИРУВА – ВЛЕГОЛ СО СЕКИРА Најмалку 4 деца се убиени во градинка во Бразил

Страшна трагедија се случила во градинка во Бразил.

Најмалку четири деца се убиени во денешната трагедија во градот Блуменау на југот на Бразил, во инцидент во кој 25-годишен напаѓач со секира упаднал во градинка и по случаен избор ги нападнал децата, соопштија локални претставници.

Страшно злосторство се случило утрово во бразилскиот град Блуменау, кога 25-годишен маж со секира упадна во градинка и уби најмалку четири деца, а повреди уште четири.

Напаѓачот влегол во градинката во 9 часот по локално време (14 часот по средноевропско време), и ги нападнал децата.

Од болницата соопштија дека сите повредени деца се на возраст под три години.

Најновите вести од Македонија и светот со само еден клик на нашиот информативен веб-сајт. 

Полицијата за локалните медиуми изјавила дека напаѓачот се предал и дека е приведен за оваа страшна трагедија.

Пожарникарите наведуваат дека во градинката во моментот на нападот имало околу 40 деца и дека напаѓачот влегол прескокнувајќи го ѕидот. Се чини дека тој ги избрал своите жртви по случаен избор.

Вознемирени родители притрчале во градинката кога слушнале за трагедијата.

Гувернерот на државата Санта Катарина, каде што се наоѓа Блуменау, прогласи тридневна жалост.

За немилиот настан известија сите светски медиуми, вклучително и ББС. Линк од нивната статија можете да прочитате со клик ОВДЕ.

„Нема поголема болка од онаа на семејството кое изгубило деца или внуци, особено кога тоа се случило преку насилство врз невини деца кои не можат да се одбранат“, напиша на Твитер бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва.

На линкот од Твитер подолу можете да проследите и ВИДЕО снимено од тамошните медиуми.

Ова не е првпат градинка во Санта Катарина да биде цел на напад. Во 2021 година, 18-годишник уби двајца вработени и три мали деца во јасли во општина Саудадес.

Денешниот напад се случи само десет дена откако тинејџер избоде наставник до смрт и повреди уште четири лица во училиште во Сао Паоло во Бразил.

поврзани објави

Последни објави