16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Временска прогноза од УХМР: НАЈНОВИ ИНФОРМАЦИИ – Еве какво ќе биде времето до понеделник

Временска прогноза до понеделник.

Временска прогноза која ги дава сите детали за времето до понеделник.

Информирај се и биди во тек со сите случувања во Македонија и светот.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од слаб снег.

Според најновата временска прогноза ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието наместа повремено засилен ветер од северозападен правец.

Според најновата временска прогноза во Скопје променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето во следните денови:

Во четврток времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула.

Повеќе вести во продолжение:

Најмалку 21 лице, вклучително и шест деца, загинаа во Сомалија во поплавите во текот на минатата недела, соопштија Обединетите нации.

Речиси 100.000 луѓе се погодени од обилните дождови и поплавите кои ги погодија областите претходно погодени од екстремно тешка суша во регионот Гедо во јужна Сомалија, се вели во соопштението на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања.

Во поплавите уништени се институциите за пружање медицинска помош, соопшти сомалиската Национална агенција за вонредни ситуации.

Повеќе за ова прочитајте на следниот ЛИНК – ОВДЕ

Најмалку пет лица загинаа во торнадо на југоистокот од Мисури.

Најмалку пет лица загинаа, а засега неутврден број се повредени во торнадо што, денеска, рано утринава го погоди југоисточен Мисури. Во моментов екипите за итни случаи бараат жртви во уништените домови и деловни објекти.

Смртните случаи биле пријавени во округот Болингер, каде што повеќе локални агенции учествуваат во спасувачката операција, изјави началникот на полицијата, Кларк Парот, пренесоа британските медиуми. Тој додаде дека повеќе лица се повредени, но точната бројка засега не е позната.

Фотографии на социјалните мрежи од Глен Ален, село што се наоѓа на 177 километри јужно од Сент Луис, прикажува куќи без покриви, урнати дрвја и далноводи, додека купишта ѓубре ги прекрива патиштата и дворовите.

-Едноставно, трогателно е да се видат домовите на луѓето без покриви, изјави Парот откако ја испита штетата.

„Имаме работа, но ќе го поминеме ова“, додаде тој.

Според Националната метеоролошка служба, торнадото ја погодило областа околу 3:30 часот по локално време.

Неговата појава се поврзува со фронтот на бурата што минатата среда ги погоди Средниот Запад и Југот на САД.

Предупредувања за торнадо и грмотевици се издадени за околу 24 милиони Американци. (МИА)

поврзани објави

Последни објави