13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ковачевски не одговори колку време ќе земаат зголемени плати: Одлуката на Уставен суд е конечна

Функционерите ќе си земаат зголемени плати во време на криза, бидејќи одлуката на Уставниот суд, за премиерот Димитар Ковачевски е конечна. Прашан дали ќе донесат владина одлука со која ќе ги намалат коефицинетите, а со тоа ќе спречат зголемување енормно зголемување на нивните плати рече: „Во делот на коефициентите тоа е дел од законско решение за плати. Носење на решенија кои не се базираат на правна и економска издржаност, завршуваат како ова решение“.

Ковачевски не кажа начин на кој планираат да го спречат земањето на зголемени плати, како неговата, така и на неговите колеги и сите избрани именувани лица.

„Одлуката на Уставниот суд е конечна и не можат да се носат одлуки за дерогирање на одлуките на судот. Тоа е казниво дело“, додаде Ковачевски.

Прашан дали ќе ја донира платата и дали ќе побара од неговите колеги да го направат истото – не одговори конкретно.

„Во делот на донации, јас имам многупати донирано. Доколку некогаш пиеме кафе кај мене ќе видите и голем број на благодарници. Но со тоа не сум правел ПР. “, кажа Ковачевски.

Според него, нема сите избрани и именувани лица да добијат поголеми плати.

„И денес постои неконзистентност во исплатата на плати на функционерите. Има акционерски друштва, разни агенции чии плати на директори се неколкукратно поголеми од платата на пратеник во Собрание. Работиме на нов општ колективен договор за регулација на плати.

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува. Тоа не значи дека автоматски ќе се зголемат платите на сите именувани лица. Досегашното замрзнување на основицата беше всушност владин став изминатиов период и од страна на Владата е бранет како став пред Уставниот суд, а со нивна одлука се укинува“, рече Ковачевски.

Линк од изворот Макфакс – клик ТУКА.

Инаку, Ковачевски го повтори својот став дека нема да има предвремени избори и најави дека истите ќе се случат во 2024 година. ЛИНК од неговата изјава ОВДЕ.

поврзани објави

Последни објави