ВМРО Народна ги поддржува уставните измени, порача денеска пратеникот на партијата, Љупчо Балкоски.
Тој информира дека како партија инсистираат амандманите за измените што побрзо да бидат донесени во Собрание.
На ниво на коалиција ВМРО НП инсистира што побрзо да бидат ставени на дневен ред во Собрание, за да видат кои се против, а кои се за нив.
Со изгласувањето на францускиот предлог и преговарачката рамка, знаевме дека до ноември 2023 дека треба да ги донесеме тие измени.
Што побрзо се донесат, ќе бидат подобро за државата за да ги продолжиме преговорите со ЕУ и отворањето на Поглавјатата, рече Балкоски на брифинг со медиумите во Собранието.