16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Моќен лек за подобра крвна слика – 4 состојки и само 10 минути!

Моќен лек од коприва којшто ја подобрува крвната слика, помага при анемија и го јакне имунитетот –само 4 состојки.

Младите лисја од коприва почнуваат да никнуваат, па не смееме да заборавиме дека ова растение е полно со железо, идеално е за чистење на крвта и совршен борец против анемија или со еден збор истото е еден неверојатен моќен лек.

После зимата и тешката храна, копривата може да биде природен лек за чистење на крвта, а во случај на слабокрвност може да ја подобри крвната слика, но и да го зајакне имунитетот и да го намали ризикот од воспаленија во телото.

Ви го пренесуваме рецептот за моќен лек за подобра крвна слика во кој се користат семки од коприва, но се додаваат и бадеми, јаткаст плод којшто е прекрасен извор на железо.

Во 100 грама бадеми има 3 милиграми железо, а сите состојки во овој лек кога ќе се спојат е бомба за имунитетот.

Се препорачува да се консумира лекот околу 10 до 14 дена по 3 лажици дневно, а за подготовка на истиот ќе ви бидат потребни околу 10 минути.

Состојки:
– 50 грама семки од коприва;
– 100 грама бадеми;
– 2 лимони;
– 350 грама домашен мед.

Подготовка за овој моќен лек:

Во тегла прво ставете мед, па семките од коприва, потоа помешајте за да се соединат состојките. Лимонот исцедете го и додадете го во смесата, па помешајте.

На крај додадете мешавина од сечкани бадеми и сè добро измешајте.

Затворете ја теглата и лекот чувајте го во фрижидер.

Копривата е едно од најлековитите растенија, а како природен лек се користи уште од античките времиња, благодарение на нејзините антимикробни, антиоксидантни, диуретични, лаксативни и атстрингентни својства.

Копривата е распространета насекаде. Младите, здрави и сочни листови од коприва се берат од април до август, штом растението ќе достигне висина до 20 см.

Се препорачува бербата на листовите да биде во пролет, затоа што тогаш имаат најдобар квалитет.

Надземните делови на копривата (листовите и стеблото) поволно влијаат при следните здравствени состојби: алергии, анемија, астма и белодробна конгестија, болки и воспаленија во зглобовите остеоартитис, дијабетес, дијареа и дизентерија, заздравување на рани, зголемено лачење желудочна киселина

поврзани објави

Последни објави