30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Вучиќ не е претседател на СНС од овој момент – познато е кој е неговиот наследник!

Вучевиќ избран за претседател на СНС по оставката на Вучиќ

Милош Вучевиќ, министер за одбрана на Србија, кој е и висок партиски функционер денеска е избран на чело на СНС владеачката партија во Србија.

На челната позиција на партијата доаѓа откако претседателот на Србија и нејзин претходен лидер, Александар Вучиќ, си поднесе оставка но рече останува и понатаму дел од партијата.

Вучевиќ на позицијата доаѓа токму како предлог на Вучиќ изнесен на партискиот состанок во Крагуевац.

Вучиќ претходно најави и дека од 28 мај ќе почне да формира ново движење за кое рече дека ќе биде пошироко од СНС, бидејќи неговата намера е во него да учествуваат и оние што не се во таа партија но не прецизираше кого ќе покани.

Српскиот претседател беше избран на челната позиција во владеачката партија во мај 2012 година, кога СНС дојде на власт..

поврзани објави

Последни објави