8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Нападната е Москва, се огласи Путин, но и САД! (ФОТО)

Нападната е Москва, главниот град на Русија.

Нападот со украински беспилотни летала врз цивилни објекти во Москва е терористички акт, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој додаде дека нападната е Москва на цивилни објекти, а тоа ги потврдува методите што ги користи Киев и посочи дека загрижувачки се обидите да се предизвика реакција на Русија и нејзиниот одговор и дека граѓаните на Украина треба да го разберат тоа, пренесува РИА.

„Ние не ја започнавме оваа војна во 2014 година, туку режимот во Киев ја започна војната во Донбас. И не ги користиме средствата што ги користат украинските големи играчи“, рече Путин по веста дека нападната е Москва.

САД не поддржуваат воени напади врз Русија, соопшти денеска Стејт департментот откако е нападната Москва.

„Ние не поддржуваме напади во Русија. Ние сме фокусирани на обезбедување на Украина со опрема и обука неопходни за повторно преземање на сопствената суверена територија“, се вели во изјавата на портпаролот на американската дипломатија.

Главниот град на Русија рано утринава беше цел на напад на беспилотно летало, што предизвикало „мали“ оштетувања на згради и во кој нема жртви, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека нападот на Москва е одговор на рускиот напад врз штабот на украинската воена разузнавачка служба.

Украинците соопштија дека знаат каде се наоѓа Путин, но нивна цел не е негова ликвидација. Линк од нивното соопштение прочитајте ОВДЕ.

Украинската воена разузнавачка служба во реално време ја следи локацијата на рускиот претседател Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави украинскиот портпарол Андриј Јусов.

Јусов наведува дека „и покрај сите обиди и напори да се сокрие оваа информација“, тоа не е нешто што може да се сокрие.

Путин е добро чувана личност. Пригожин е помалку чуван и се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент“, изјави Јусов за Киев пост.

Тој истакнува дека и покрај тоа што знаат каде се Путин и Пригожин, немаат намера да ги убијат и дека приоритет на Украина е да ги казни воените злосторници.

Најновите вести за сите случувања во светот следете ги на нашиот сајт Поглед.мк

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -