15.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Најевтина земја за живеење: Транспортен билет 3 центи, ражничи 30 центи, кирија само 60 евра

Најевтина земја за живеење: Транспортен билет 3 центи, ражничи 30 центи, кирија само 60 евра

Според The ​​World of Statistics, Пакистан е прогласен за најевтина земја за живеење.

За да провери дали навистина е така, Џош Ларкин од каналот „The Burnt Chip“ на YouTube отпатува до неговиот најголем град, главното пристаниште и финансискиот центар – Карачи.

Во Карачи заменил една британска фунта или околу 1,2 евра за 400 пакистански рупии и се обидел да дознае што може да купи со нив за еден ден. Своите искуства ги снимил со камера и видеото го објавил на Јутјуб каде досега го погледнале повеќе од 2,5 милиони луѓе.

На почетокот на денот, Џош Ларкин се освежил со традиционалниот пакистански пијалок дудта – кој се прави од млеко, шеќер, мраз и газиран пијалок, на улица за само 30 рупии.

За ручек јадел бирјани – зачинето јадење направено од ориз, компири и пилешко – и пиел пепси за само 30 центи, а за вечера уживал во ражничи од морска храна за кои потрошил приближно исто толку.

Во Карачи се обидел да јава камила, возел тук-тук и гледал отровна змија како танцува на звукот на флејти. Тој платил само три центи за автобуска карта.

Шетајќи во Карачи, открил дека изнајмувањето стан во тој град чини околу 50 британски фунти или 60 евра, што е најмалку пет до десет пати поевтино отколку во повеќето европски градови, пишува Punkufer.hr.

Што видел, доживеал и вкусил Џош Ларкин во Карачи за нешто повеќе од едно евро во најевтината земја за живеење, погледнете во неговото видео.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави