13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Омажена е за милионер од Дубаи и живее за да му ги троши парите: „Ако ми го скрати буџетот, веднаш ќе го оставам“

Инфлуенсерката Соуди објави видео во кое ги наведе причините поради кои би се развела од сопругот милионер

Инфлуенсерката Соуди, која е во брак со арапскиот бизнисмен Џамал, стана популарна на социјалните мрежи откако секојдневно објавува како изгледа нејзиниот живот со милионерот.

Соуди објави видео на „TikTok“ во кое ги наведе причините поради кои би се развела од пребогатиот сопруг.

„Ако ми го скрати буџетот, ако се обиде да се ожени со друга жена, ако ми купува помалку подароци неделно, ако ми каже да се здебелам поради него“, напиша таа под видеото во кое можете да видите скапи подароци и нејзиниот луксузен живот.

Таа напиша дека нејзиниот сопруг е секогаш зафатен и нема време за неа, но постојано треба да се дотерува. Потоа изјави дека не смее сама да го вози автомобилот. Исто така, изгледа дека е преуморна затоа што често патуваат, но проблемот во нејзиниот живот е што сопругот ѝ нарачува премногу храна и ѝ е тешко да избере што да јаде.

Покрај тоа, таа изјави дека добива премногу подароци од партнерот и не знае што да прави со нив.

Дали вреди траумата за сето ова?“, напиша таа во описот на видеото кое го погледнале околу 10 милиони луѓе.

„Навистина тежок живот“, „Дај ми го маж ти, можеби на еден ден“, „Ги сакам овие проблеми“, ѝ напишаа нејзините следбеници.

Соуди собра повеќе од милион следбеници на „TikTok“, додека околу 150 илјади фанови ја следат на Инстаграм.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави