СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција и криминалот кои што го правеа изминатите 6 години сакаат на овој начин да го сокријат, вака ги коментираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, измените на Кривичниот законик.
Ниту амандмани завршуваат работа, ниту постои начин да се сопре оваа работа. Затоа што е злоупотребено европското знаменце. Единствен начин да се побара одговорност е само на избори. Кога ќе дојдат изборите граѓаните да излезат масовно да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи, а јас еве ги гледам во очи и велам дека и златно знаме да стават има и други начини и други закони според кои што ќе одговараат за криминалот кој што го правеа изминативе шест години, рече Мицкоски.