3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Спајсер: Нема докази дека руски хакери влијаеле на изборите во САД

Претседателот Обама протера 35 руски дипломати и воведе санкции за две руски разузнавачки агенции за наводна вмешаност на Кремљ во хакирањето.

Портпаролот на Доналд Трамп изјави дека не постои доказ дека руски хакери влијаеле на резултатот од претседателски избори во САД, истакнувајќи дека би било неодговорно да се донесуваат заклучоци пред да се достави конечниот извештај.

„Не постои доказ дека влијаеле на изборите“, рече Шон Спајсер, кој е назначен за портпарол на Белата куќа, од претседателот на САД Доналд Трамп.

Тој за Си- Ен- Ен изјави дека новиот претседател ќе го разгледа извештајот на разузнавчките служби, кој ќе биде завршен до крајот на оваа недела. Во саботата Трамп предупреди дека не смее да се избрзува со обвинувања против Русија за хакерските напади врз електронските пошти во Сад, пренесоа агенциите.

Републиканецот Џон Мекејн, претседател на Сенатот за вторникот закажа седница за сајбер закани. Новиот конгрес, избран на 8 ноември, во вторникот ќе ја презеде својата функција.

поврзани објави

Последни објави