0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Знаете ли што ги боли? Toа што Мицкоски излезе ПОСИЛЕН од сите нив и истиот ќе ги испрати на буништето на историјата!

Oвие што го слават Груевски, што сакаат да го воскреснат и да го вратат назад во Македонија каде што остави свои луѓе по затвори, каде што луѓето од 27 април лежат по затвори поради негов кеиф и аздисаност, никако да и објаснат на јавноста и на граѓаните дека Мицкоски на последните локални избори извојува ПОБЕДА во речиси сите општини низ територијата на Република Македонија, го испрати Заев во пензија, ги испрати рекетарите од СЈО во затвор, расчисти со криминалците во ВМРО-ДПМНЕ, расчисти со удбашите во ВМРО-ДПМНЕ кои беа многу силни во времето на Груевски.

Заборавиле овие што го бранат, што го пуштаат Груевски во јавност, во етер, дека тие долго време го бранеа истиот тој Христијан по кого денеска плукаат. Си даваат огромна улога, а нивната улога всушност е минорна. Тоа што Мицкоски е толку сплотен со членството и раководството, е токму тоа е она што ги плаши. Во страв се поради обединувањето на партијата, поддршката која Мицкоски ја добива од сите страни, во страв се поради тоа што ниту еден, ама буквално ниту еден човек, а камоли член или функционер на ВМРО-ДПМНЕ не даде поддршка на Никола Груевски.

Единствени што му даваат поддршка се оние кои до вчера го плукаа, како типчето Филип Петровски кој половина од својата наводна политичка кариера ја потроши плукајќи токму по Груевски, за денес да го брани како најголем патриот.

Токму поради ова, не само што ќе продолжи поддршката кон Христијан Мицкоски кој ќе биде иден премиер на државата, туку и оние кои сменија пет партиски дресови ќе бидат пензионирани и политички, но и нема да им текне да го спомнат неговото име!

поврзани објави

Последни објави