5.8 C
Skopje
Wednesday, November 29, 2023

Шкодране Дардишта: Ние сме велесили, му благодарам на семоќниот Али Ахмети

Чаир бил и ќе остане упориште на ДУИ и Али Ахмети, изјави Шкодране Дардишта, секретар за еднакви можности во огранокот на ДУИ во Чаир на Форумот на жени кој вечерва се одржа во Чаир на тема: Лице в лице за еднакви можности.

Според неа, секоја работа започната со чисти намери мириса на победа, додавајќи дека соочувањето со среќата е полесно и ќе биде кога ќе се држиш за корените, а не за гранките.

-Нашите корени носат само едно име, големиот Али Ахмети. Многу работи беа кажани и ќе се кажат. Чаир беше и ќе остане упориште на ДУИ. Вечерва жените докажаа дека Чаир останува непобедлив столб на ДУИ. Последователните победи го носат и печатот на жените од Чаир. Кога ќе се собереме, можеме да ги срушиме сите бариери. Ние сме велесили кога сме заедно. Сакам да му се заблагодарам на семоќниот Али Ахмети, рече Дардишта.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -