Многумина тврдат дека Скандинавските земји се најубавите за живеење, не само поради условите, туку и за функционирањето и системот во самите држави.
Неверојатен пример доаѓа од Финска, каде секој невработен човек ќе добива по 560 евра. Ова е дел од експерименталната програма на власта, која ќе се обиде да ја намали сиромаштијата во својата земја.
„Ќе биде навистина чудно, но истовремено и интересно да се види како тие луѓе ќе ги потрошат парите. Ние нема да бараме сметка од нив, односно нема да имаат потреба да прикажуваат на што се трошат тие пари“, изјави Оли Кангас, човек од владината агенција за социјални прашања КЕЛА.
Финска има 5,5 милиони жители, додека стапката за невработени во последното истражување во ноември докажала дека изнесува 8,1%, што значи дека без работа се околу 213.000 луѓе.