23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Беровско Русиново, дом на ендемско дрво од Калифорнија

Калифорнија и беровско Русиново ги врзува приодното светско чудо од ендемичен вид- зимзеленото дрво севкоја кое живее во дворот на беровското училиште „Никола Петров- Русински“. Пензионираниот наставник по биологија Благој, се сеќава дека дрвото е засадено пред три децении.

„Ова дрво е засадено 1984 година, во рамките на наставата за земјоделско образование, јас и учениците го засадивме, но не знаевме тогаш дека станува збор за секвоја“, Благој Чукарски, пензиониран наставник.

Потеклото на дрвото е од Калифорнија, раскажува наставникот, кој добро го проучил овој ендемичен вид.

„Татковината на дрвото е во Калифорнија, каде ова дрво има висина 150 метри, а дебелина на стеблото 40 метри. Во Калифорнија на места каде има секвоја, а каде се градат патишта, се пробивале стеблата како во тунел“, додава Чукарски.

Денес дрвото во Русиново достигнало висина над 30 метри и засега не преставува опасност по зградата на училиштето, туку симбол за ова училиште.

Во енциклопедиите, секвојата е позната како најголемо живо суштество на планетата и спаѓа во природните светски чуда. Фосилни остатоци од ова дрво се пронајдени во карпите, а се смета дека постоеле во периодот на Јура, пред 180 и 140 милиони години. Денеска преживеале само два вида од ова дрво, а досега се откриени 11, а се наоѓаат во Кина и Калифорнија.

поврзани објави

Последни објави