16.8 C
Skopje
недела, ноември 9, 2025

📽️ ХАМАС ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ЗАЛОЖНИЧКА „Извадете ме одовде што поскоро“

Во понеделникот Хамас објави видео на кое тврди дека за прв пат се гледа како заложничка е држена во Појасот Газа. Автентичноста на снимката не е потврдена,а Јерусалим Пост напиша: „Дали ова видео е дел од психолошката војна на Хамас?“

Како Хамас ги третира заложниците останува под голем прашалник. На снимката зборува млада девојка:

„Се викам Миа, имам 21 година, од Шохам сум. Моментално сум во Газа. Се вратив во саботата рано наутро од забава во Сдерот. Тешко сум повредена и имам рана на мојата рака. Тука ме донесоа во болница. Се грижеа за мене и ми дадоа лекови. Ве молам вратете ме дома што е можно поскоро за да можам повторно да ги видам родителите и браќата и сестрите. Ве молам извадете ме одовде што е можно поскоро – вели Миа во видеото објавено од Хамас.

Израелските медиуми јавуваат дека наводноо семејството на киднапираното девојче веднаш се огласило и дека биле среќни дека таа уште е жива.

поврзани објави

Последни објави