Талат Џафери надвор од Устав и закон ја спречи референдумската иницијатива за донесување на граѓански устав. Упорно СДСМ кои имаат мнозинство во комисијата не ја носат одлуката за тоа. Албанскиот етнички шовинизам не дозволува граѓанска република. Ние како предлагачи почнавме да јадеме феферонки бидејќи Владата не прогласи дека живееме луксузно ако јадеме феферонки. Во моментов галупира до шизофрени граници албанскиот етнички шовинизам. Тоа што ни се случи во Тирана каде што Македонија е ставена во пакет со Косово, ни де факто и де јуре станавме заложници. Во пакетот со Косово, оваа власт не корумпираше до коска. Тоа е дополнителен услов за било какво започнување на преговори со ЕУ. Холандија многу јасно ни кажа. Тек кога ќе грмне Франција ќе се види до каде сме. Глупостите наречени Отворен Балкан е чиста лага, за сега истите тие кои предлагаа Отворен Балкан да предлагаат да биде поништен, вели Петар Богојески во емисијата „Само Вистина“ каде што соговорник му беше Зоран Иванов.
За да почнеме преговори со ЕУ, мораме да имаме компромис. Македонија ќе го смени Уставот само еднаш, пред интеграција во ЕУ, Македонија бара од ЕУ сега веднаш и неодложно и да не тргне од пакетот со Косово и косовското прашање. Ако не тргне од тој пакет можеме на македонските граѓани да им кажеме дека имаме отварање на перспективите за европската интеграција.
Ние мораме да се ослободиме од албанскиот багаж. И да се случат уставните измени, нема шанси за нас ЕУ додека сме во пакет со Косово и Албанија, додава Петар Богојески.