13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

И МАКРОН ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА? Ковачевски потврди дека во земјата ќе дојде Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, а го спомна и францускиот претседател

Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија до крајот на месецов, а претседателот Макрон неколку пати изрази желба, и тоа јавна, за тоа во некоја прилика да ја посети земјаваа, изјави премиерот Ковачевски при посетата на фабриката „Вивакс“.

Шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен кон крајот на месецот треба да допатува во официјална посета на Скопје. Посетата на Фон дер Лајен е во контекст на уставните измени и на заедничкиот прогрес на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ.

Ова денеска го најави премиерот Димитар Ковачевски при посета на компанијата „Вивакс“, а го потврди и евроамбасадорот Гир.

– Претседателката на Европската комисија ќе ја посети Северна Македонија до крајот на месецов, а претседателот Макрон неколку пати изрази желба, и тоа јавна, за тоа во некоја прилика да ја посети земјава – рече Ковачевски.

поврзани објави

Последни објави