Бугарски државјани посебно од пограничните места често доаѓаат да пазарат на градскиот пазар во Делчево. Сметаат дека цените се слични малку на пазарите во Бугарија, но сепак посочија дека зеленчукот и овошјето се за нијанса поевтини заради што доаѓаат барем еднаш месечно на пазар во Делчево, првиот град по границата помеѓу двете држави.
– Цените се нормални и задоволителни. Ориз, јужно овошје, зеленчук…тоа ни е на агендата денес за купување. Ќе најдеме и по некој млечен производ, а ако успееме и ќе ручаме во некоја од вашите кафеани – вели жител од Благоевград.
Жител на Делчево додава дека Бугарите најчесто се овде токму за храната која се служи во делчевските угостителски објекти.