Во Монте Карло е опсадна ситуација после ограбувањето на златарата „Картие“ во центарот на градот. После грабежот дошло од пукотници и избивање на пожар во познатиот тунел.
Разбојниците во очи на грабежот подметнале пожар во тунелот со цел за да го одвртат вниманието на полицијата. Во пукотниците еден крадец е повреден, а вториот е уапсен и кај него е пронајден дел од пленот, а за третиот сеуште се трага.
Целиот град е блокиран поради пронаѓање на третиот разбојник, и сите излази од Монте Карло се под строг режим.
https://www.youtube.com/watch?v=SBUqFlN43Lk
Стотина туристи во чудо гледале во чадот од познатиот тунел по трката во Формула 1. Гостите по локалите, продавниците и коцкарниците им е советувано да останат и дан е се движат премногу по градот.
Познатата златара „Картие“ веќе беше ограбена на Азурниот Брег во мај 2015 во очи почетокот на Филсмкиот фестивал во Кану кога крадците однесоа накит и часовници вредни 17,5 милиони евра.