1.8 C
Skopje
Wednesday, January 22, 2025

ФОТО | Гневни и бесни: Ресторан им наплатил казна од 50 долари на родители бидејќи децата биле непослушни

Ресторанот „Токоа риверсајд“ (Toccoa Riverside Restaurant) во Северна Џорџија, САД, стана вирален откако Редит објави фотографија од менито во која се вели дека ресторанот дополнително наплаќа за лошо родителство.

На фотографијата се прикажани голем број дополнителни трошоци кои би можеле да се очекуваат за гостите на „Токоа риверсајд“, вклучително и 20 отсто бакшиш за групи од повеќе од шест лица, за оние кои бараат посебни сметки или за оние кои нарачуваат од специјалното роденденско мени на ресторанот.

Наведено е и дека на гостите кои не платиле во готово ќе им се наплаќа 3,5 отсто од нивните сметки, а се плаќа и за „возрасните луѓе кои не се во состојба да се однесуваат како родители“. Ресторанот предупредува дека возрасните гости може да се соочат со дополнителни трошоци – означени само како „$$$“ – ако нивните деца се однесуваат лошо.

Сопственикот на ресторанот Тим Рихтер рекол дека родителскиот додаток е воведен во текот на пандемијата на ковид-19. Тој, исто така, додал дека никогаш никому не му ја наплатил таа такса до пред неколку недели, кога група луѓе со девет деца вечерале во ресторанот.

Надоместокот, за кој рецензиите на Гугл велат дека изнесувал 50 долари, е пријавен неколкупати во последните две недели, при што има неколку рецензии во кои гости се жалат на однесувањето на сопственикот и на плаќањето на надоместокот.

„Најнечесниот сопственик направи огромна сцена пред целиот ресторан бидејќи нашите деца „трчаа низ ресторанот“. Децата беа долу покрај реката. Ни рекоа „подобро да одиме во „Бургер Кинг“ и „Волмарт““ и дека сме лоши родители. Моравме да платиме дополнителни 50 долари“, пишувало во една рецензија.

Во друга, многу слична рецензија, еден гостин од ресторанот напишал дека неговите деца гледале во таблетот сè додека не им била послужена храната, но дека сепак морале да платат 50 долари поради однесувањето на децата.

Уште едно семејство од Флорида го споделило своето искуство. Брајан Карачиоло, кој и самиот е сопственик на ресторан, рекол дека неговото семејство, заедно со уште четири семејства, го посетиле ресторанот во текот на нивниот одмор.

Во нивната група имало 11 деца, а пред да заминат им рекле дека ги чека „родителска надоплата“, како и дека еден од вработените им рекол дека тој ги воспитал своите деца и дека нема да ги воспитува и нивните.

Линдзи и Кајл Лимит со своите деца се едни од гостите кои ја доживеале непријатноста во ресторанот.

поврзани објави

Последни објави