Наставниот институт за јавно здравје на приморско-горската жупанија утрово потврди дека на анализа пристигнале првите примероци на сокови и минерална вода од кафулињата во Риека по дојавата дека некои лица пиеле минерална вода од еден производител и се затруле од киселина која им го испржила хранопроводот, пренесува „Вечерњи.хр“.
Конечно, како што пренесуваат хрватските медиуми, стигна одговор од „Кока-Кола Хрватска“ за случајот со труењето. Тие потврдија дека случајот со маж што бил хоспитализиран со хемиска повреда на хранопроводот е поврзан со шише минерална вода „ромеркуеле“. Тие тврдат дека се работи за изолиран случај.
„Свесни сме за изолиран случај поврзан со едно стаклено шише Romerquelle Emotion Blueberry Pomegranate 330 ml. Ги изразуваме нашата длабока загриженост и надеж за брзо и целосно закрепнување на личноста инволвирана во овој случај. Целосно сме отворени за соработка со сите надлежни органи“, изјавиле од „Кока-Кола Хрватск