13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Становите во Америка поевтини од оние во Скопје: Анализа на Поглед.мк (ФОТО)

Веќе некое време гледаме како растат цените на недвижностите. Метар квадратен никогаш не бил поскап, а цената само се зголемува. Токму поради тоа Поглед.мк се реши да направи една интернет анализа врз основа на податоци кои ни ги нуди интернет – пребарувањето за да видиме колку е реално во Македонија да се продава стан од 50 квадрати по цена од над 100.000 евра.

Па така, многу лесно дојдовме до податоци кои се јавно достапни на Google каде што на пример забележавме дека во Чикаго се нудат реновирани станови од 90 квадрати за цена од 2650 долари по квадрат односно 2430 евра по квадрат или севкупна цена од речиси 250.000 долари односно 225.000 евра.

Станот кој што се нуди е целосно луксузно опремен со кујна, дневна соба, трпезариска соба, гардеробер, простор за канцелариски мебел, мини сауна и простор за фитнес опрема, но и 3 кревети за спиење. Локациски е стациониран на плажа веднаш до самиот океан, а во радиус од 5 километри речиси ги има сите неопходни потреби за еден модерен лајфстајл.

Само за споредба, во Скопје се нудат празни станови во нови згради кои што за речиси истата квадратура односно 89 квадрати чинат 194.000 евра односно пресметано во американски долари 211.000 односно со разлика од 14 илјади евра поевтин од оној во Чикаго чии фотографии ги објавуваме во продолжение:

Во третиот град по големина во Флорида Тампа, каде што нормално постојано е топло, за трособен стан или куќа од речиси 100 квадрати има цени од 280.000 долари каков што е овој во продолжение (погледни ФОТО) кој што се наоѓа веднаш до езеро и неверојатна природна убавина. Цената пресметано во евра изнесува 256 илјади односно 2567 евра по метар квадратен.

Вакви објекти на истите страници пронајдовме многу, кои се движат од 240 илјади долари до над 400 или 600 илјади долари. Неспорно е дека во Америка постојат многу објекти кои се продаваат и по цени од десетици милиони евра, но според нашиве анализи и пребарувања по интернет, е исто така факт дека може да се пронајдат солидни, модернизирани и реновирани станови или куќи со над 100 метри квадратни чија цена изнесува од 2500 до 3500 евра по метар квадратен. Кога ги анализираме цениве кои се нудат на македонскиот пазар каде што секојдневно гледаме огласи дека се продаваат станови од 100 квадрати за 200.000 евра се поставува прашањето: Дали во Македонија паралелно со нашиот економски стандард и плати, се реални цените кои што се бараат за недвижностите кои што се на продажба, што можеме да очекуваме во периодот кој што претстои и дали ова лудило ќе запре?

Со ова зголемување на цените, се поголем предизвик е младите брачни парови со просечни плати од 500 евра да се одлучат да купат стан во главниот град. Трендот на изнајмување на станови се префрли и кај нас, иако слободно може да се каже дека и цените за изнајмување се доста високи.

Според светската статистика, Македонија е во првите пет земји во светот по поскапување на становите.

поврзани објави

Последни објави