0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

ЅИРНАВМЕ ВО СЕКОЈ ПОДРУМ, ИЗГЛЕДАВМЕ НАД 50 СНИМКИ Во потрагата по Вања се вклучени стотина полицајци

Јавното обвинителство. Ова сериозно го кажувам, затоа што ваквите работи не се тема со која можеме ние да се забавуваме, затоа сметам дека максимално треба да бидеме посветени во добивање на резултатот од тоа што го работиме – рече министерот.

Спасовски најави дека наскоро во одделот за форензички испитувања после 30 години за првпат ќе може да се пребаруваат ентитети, покрај со отпечаток од прст, и преку лице (face recognition).

– До 10 декември ќе можеме да го ставиме во функција системот за препознавање на лица а додека надградбата на системот Сејф сити е во тек. Сега системот функционира и сериозно помага – посочи министерот.

Овој случај го отвори прашањето за итно воведување на американската алатка „Амбер Алерт“, која веќе успешно е имплементирана во соседна Србија. Но и кај нас се очекува во втората половина на декември, за што Плусинфо веќе неколкупати пишуваше.

Со овој систем треба да се алармира веднаш во првите часови од исчезнувањето на детето, преку пораки на мобилни телефони со фотографија, во такси компании, јавен превоз, банкомати но и во хотели.

Инаку, целиот регион, вклучително и Интерпол, се вклучи во потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која исчезна на 27 ноември на пат кон училиште.

Јавноста во Македонија е загрижена за нејзиното исчезнување, имајќи предвид дека Вања исчезна во еден од најпосетуваните делови на градот, Дебар Маало.

Вања е исчезната веќе петти ден, а веста за нејзиното исчезнување се споделува во медиумите и на социјалните мрежи низ целиот регион, вклучително и Србија.

поврзани објави

Последни објави