Пентагон соопшти дека при воздушен напад минатата недела бил ликвидиран лидерот на Ал Каеда, кој е одговорен за смртта на двајца американски војници и обвинет за учество во смртоносен напад во 2009 година.
Во соопштението се наведува дека воздушниот напад бил извршен на 19 март во провинцијата Пактика. Убиениот е Кери Јасин, познат терористички лидер на Ал Каеда.
„Смртта на Кери Јасин е доказ дека терористите кои го срамат исламот и намерно напаѓаат невини луѓе, нема да избегаат од правдата,“ истакна американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.