Актуелниот премиер на Србија, Александар Вучиќ утре ќе замине во Русија, каде треба да оствари средба со претседателот на државата Владимир Путин.
Оваа посета се случува само седум денови пред претседателските избори во Србија, на кои еден од кандидатите е токму Вучиќ, кој е главен фаворит за победа.
Покрај Вучиќ, во Русија ќе патуваат уште министрите за труд и одбрана, а според најавите на средбата ќе се разговара за воено-техничката и економската соработка.