18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Златев: Секој оној кој што ќе седне на столчето на омразата на Палчо во Инфомакс, во мојот медиум нема да стапне никогаш повеќе!

Таа политика на омраза, тој говор на омраза се ширеше со месеци во Македонија. Ние не успеавме да разбереме која е одговорноста на микрофонот кој го имаме ние новинарите. Тоа е помоќно од многу оружја. Со пиштол е убиена малата Вања, но за да се стигне пред тоа се користел микрофон, се користеле медиуми, ги има тие лудаците кои му беа блиски како се сликале со мачети. Има еден од овие помагачите на Палевски како е на слика со качулка и држи мачета во рацете и знамиња од Кутлеш. Тоа јавно се постирало на нивните групи, додека нивниот пријател имаше отворен простор на поткасти каде што постојано ширеше говор на омраза, вели главниот и одговорен уредник на Радио Лидер Љупчо Златев во однос на случајот со приведениот Љупчо Палевски кој е главен осомничен за двојното убиство кое ја потресе Македонија.

– Ја спомнав Левица и пак ќе ги повикам. На платформите за ширење на омраза на Палевски, доколку седнете повторно, вие го легитимирате ова. Секој оној кој што ќе седне на столчето на Палевски, овде не е добродојден. Секој оној кој ќе легитимира омраза, која се шири системски нема да стапне веќе во мојот медиум, рече Златев.

Во утринската емисија каде што соговорник односно ко-водител му беше Боцевски, Златев истакна дека омразата е таа која што носи до ова што ни се случува во државата.

– Колење, бесење, убивање, палење, треба да се тргне од нашата реторика. Еве, погледнете ги емисиите кои беа избришани и ќе разберете како се изразувал Палевски во тој поткаст, додава Златев.

Целата емисија погледнете ја во продолжение:

поврзани објави

     

Последни објави