32.8 C
Skopje
Tuesday, July 16, 2024

Палчо се заканувал со протерување, тепање и бесење на владика и монаси, а бил близок со дел од врвот на МПЦ

Осомничениот за убиството на четиринаесетгодишна Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо со години се заканувал и на владиката Партениј и монасите од Бигорскиот манастир при Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА),

Во рекација која е објавена на веб страницата на манастирот, порачуваат дека вината за трагедијата лежи токму во ерозијата на општеството. -Прашањето за одговорност не треба да ги насочуваме со прст кон никого посебно, туку одговорноста паѓа, повеќе или помалку, врз сите нас. Сите сме одговорни за ерозијата на општеството. Затоа, најдобро е сите да почнеме од поправањето на самите себе, порачува монашкото братство.

Една од поглавните опсесии на посочениот убиец во текот на последните 2-3 години беше токму нашиот старец и духовен татко, владиката г. Партениј, а преку него и целата наша монашка заедница, како и некои луѓе, наши пријатели, браќа и сестри. Какви ли само навреди, закани и гадости се изнаслушавме од тој мракоподобен човек и од некои негови приврзаници! Дури и отворени повици за протерување, тепање и бесење. И преку социјалните мрежи, но и преку лични контакти. Почнавме да се чувствуваме загрозени, небезбедни, да живееме во неизвесност, во агонија. И говоревме, пишувавме, апелиравме да се преземат мерки за да не дојде до нешто пострашно, но, за жал, нашите повици не беа услишани од нашето општество, се додава во реакцијата.

Но, велат дека осомничените имале поддршка од луѓе од високиот клир на МПЦ-ОА и бараат одговорност и за овие лица.

-Што со оние соработници на тој демонизиран убиец – меѓу кои, за голема жал, има и извесни личности од црковните кругови, кои го поддржуваа во неговата злоба, му доставуваа клеветнички информации, го поттикнува на разни начини да го врши делото сатанско – злословието и омразата? Ќе има ли одговорност и за нив или, едноставно, ќе дозволиме и понатаму да се шири канцерот на злобата во нашето општество? Ќе дозволиме ли одговорноста за сиот тој пир на злото да ја понесе само главниот антагонист, а не и тие што нарачуваа напади, што ја потпалуваа атмосферата, што во лукава притаеност мотивираа?

Да потсетиме, неколкумина од црковниот клир, како и некои ’верници’, активно учествуваа во ширењето на лажен патриотизам и во заканувачките конструкции, полни со лаги и измислици, што се ширеа преку јавните настапи на првоосомничениот во монструозното убиство.

Па, дури и му помагаа да отвори свои ограноци во некои градови, за преку кампањата за ’спасување’ на Црквата да стекне поголема гледаност и повисок политички рејтинг, се додава во реакцијата.

поврзани објави

Последни објави