10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

НОВ СКАНДАЛ СО ЛУКСУЗНИОТ ИМОТ НА ВОДНО: Се поништува аукцијата – два пати по грешка отишле со понуда од над 10 милиони евра!

На електронската аукција, организирана од Агенцијата за управување со запленет имот, која се случила на петти месецов, понудената цената на оваа запленета парцела со куќа отишла на неверојатни над 10 милиони евра, што ги изненадило заинтересираните наддавачи ако се знае проценетата вредност на истата. Тие, како што кажуваат биле подготвени да се тркаат до сумата од 2, до 2,5 милиони евра која би била максимална ако се знае цената на квадрат земјиште на Водно.

Висината на понудата е изненадувачка, доаѓа од понудувач анонимен за редакцијата на Лидер, а изненадувачка е затоа што ја надминува почетната цена за над 10 пати. Овој имот од Бирото за вештачење е проценет на 60.247.919 денари, или околу 1 милион евра.

Оваа сума е дотолку повеќе шокирачка, ако се знае дека пред само 3 години, истиот имот беше понуден по цена од 118.000 евра но без дворот, но по жестоките реакции на јавноста и кривичните пријави за тогашниот директор Фатон Асани, истата беше корегирана па стигна до милион.

На прв поглед, некој ќе помисли дека државата дебело ќе профитира од овој запленет имот, кој вреди 1 а се продава за 10 милиони евра, но вистината е малку поинаква.

Сепак аукцијата е поништена
Директорот на Агенцијата за Управување со одземен имот Дритон Небиу, во телефонски разговор за Лидер потврди дека имале ваква понуда, но како што кажа, се работело за техничка грешка од страна на понудувачот.

Да, имаше ваква понуда која и за нас беше изненадувачка ако се знае дека за десет пати ја надминува проценетата вредност, но веднаш потоа понудувачот реагираше и не извести дека се работи за техничка грешка, па истата се повлекува. Сега, ние во агенцијата ги разгледуваме сите правни можности во однос на овој пропуст и дали ќе биде активирана гаранцијата која ја дал понудувачот. Најверојатно ќе има нов оглас, но треба да ги разгледаме сите правни можности. Ние сме транспарентни и ќе ве известиме за сите промени- ни рече Небиу во краткиот телефонски разговор.

Она што е изненадувачки за редакцијата на Радио Лидер, но и за присутните на аукцијата е тоа дека техничкиот пропуст е сторен два пати, затоа што биле дадени две понуди од над 10 милиони евра.

Според огласот, секој кој учествува на акцујата е должен да уплати на сметката на агенцијата гаранција од 10% од вредноста на објектот, или околу 100.000 евра. Доколку по понудувањето на највисоката цена тој не ја плати истата (во случајов 10 милиони евра), Агенцијата ја задржува гаранцијата и објектот повторно оди на аукција.

Трето пропаѓање, четири очи?

Доколку сега се поништи огласот, тоа ќе биде негово второ пропаѓање. Првиот пат огласот за продавање на овој имот, од 2020 пропадна затоа што беше направена погрешна проценка, која ја процени куќата за 118.000 евра, но во огласот не беше ставен дворот од 1500 квадратни метри, што значи понудувачите можеа да купат куќа без двор.

Ако сега се оди со нов оглас, тој би бил веќе трет, што им создава сомнеж на заинтересираните за овој објект, дека исто така ќе пропадне за да се создаде законска можност објектот да се продаде во четири очи поради три пропаднати огласи. Тогаш цената би можела да биде многу ниска и за неа да не се наддава, што значи дека некој може и намерно да ги жртвува овие 100.000 евра гаранција од вториот оглас, за да дојде до ваква за него повона состојба, затоа што потоа цената би ја договорил во четири очи.

Директорот на агенцијата не уверува дека истата работи транспарентно и отчетно, што ни остава простор да му веруваме дека нема да дојде до манипуацијацијата во која се сомневаме, а тоа е дека: Уште од самиот почеток намерно се прават пропусти во процесот, за да се дојде до „Четири очи“ сценарио. Радио Лидер ќе ја следи и следната аукција, па ќе видиме дали идејата е и таа да пропадне за некој да го земе овој објект по багателна цена.

Куќата е лоцирана на улицата Питу Гули бр.13, со внатрешна површина од 162 квадратни метри, плус помошни простории лоѓии, балкони и тераси на приземје со површина од 26 квадрати, помошни простории на сутерен со површина од 21 квадрати и гаража со површина од 27 квадрати. Поточно, посочениот објект се наоѓа на катастарската парцела 1676 во рамки на катастарската општина Центар 2. Според податоците од Катастарот на недвижности, објектот е со двор со површина од над 1.500 квадрати, кои за разлика од претходниот оглас, сега беа делл од продажбата.

Извор: Лидер

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -