Софи Андерсон, позната пooрно-актерка, почина на 36-годишна возраст, пренесува „Дејли мејл“. Ѕвездата на филмовите за возрасни почина само две недели по смртта на нејзиното момче, поранешниот фудбалер Оливер Спединг.
Зад себе остави четири деца
Британката минатата година изјавила дека спиела со повеќе од 80.000 мажи.
– Ако тргнеме од точката кога почнав да се занимавам со проституција, а имав 17 години, би рекла дека тогаш имав секс со 5.000 луѓе годишно. Да, токму така беше. Тогаш се гледав со 10 до 20 клиенти дневно – рекла Андерсон во подкастот „The Fellas“.
– Додуша, бројката во меѓувреме се намали. Меѓу другото, и затоа што престанав да се занимавам со проституција. Мислам дека сега зборуваме за 15-тина луѓе неделно – раскажала Софи, која отворено била бисексуалка.