7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Димовски: Предвремени парламентарни избори заедно со локалните е решението за излез од кризата

Членот на ИК и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вечерва во Дневникот на Сител вели дека  СДСМ немаат легитимитет пред граѓаните затоа што тиранската платформа не била претставена пред граѓаните пред изборите, туку таа била обелоденета после изборите

„Нашиот предлог за излез од кризата е предвремени парламентарни избори. Сето она што дел од политичките партии го криеја на парламентарните избори сега излезе на виделена. Нека го изнесат тоа како предлог на граѓаните на избори, дали ќе биде законот во детали, дали ќе биде целата тиранска платформа. Нека излезат пред граѓаните и нека кажат ние сметаме дека овој концепт е добар. Се фалат дека не им смета ако има избори дека ќе победеле. Ако мислат дека ќе победат, нека победат без измама и чесно. Нека кажат ние ако победиме на овие избори одиме со овој концепт, одиме со геноцид, јазици, униформи, банкноти, одиме со воведување на албанскиот јазик на цела територија на Р. Македонија. Ако победат тогаш ќе го имаат легитимитетот од граѓаните и други ќе бидат околностите“, истакна Димовски.

Според него, СДСМ не биле искрени со граѓаните и ги измамиле. Димовски вели дека таквата состојба може единствено да се реши со избори.

„Овој пат не можат тоа да го прават зошто овој пат тоа е плод на политичка измама. Затоа велиме дека најдобро е предвремени парламентарни избори, многу брзо и многу итно, заедно со локалните. Нема да се изгуби повеќе време, отколку сето она време кое што го губиме последните неколку месеци или последните 3 години од кога почна овој исцениран напад против Р. Македонија, нејзините институции. Граѓаните ќе имаат можност сами да пресудат по која патека треба да оди Р. Македонија“, рече Димовски.

поврзани објави

Последни објави