7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Ќерката на директорката што сосила отвори албанска паралелка во Чашка вработена во Просветниот инспекторат

Имено, за послушноста и лојалноста на Николова, нејзината ќерка од неодамна е вработена како советник на директорот на Државниот просветен инспекторат, Халит Фератов, кој сега ја турка приказната околу отворањето паралелка на албански јазик, во место каде што нема никаква логична оправданост.

За личните интереси на директорката Николова, денеска во колумна за „Нетпрес“, откри Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија.

По одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината Чашка од ООУ „Тодор Јанев“ – Чашка и разрешување на директорот, министерот Јетон Шаќири ја назначува за ВД директор одделенската наставничка Елена Николова. Таа треба да ги извршува сите одлуки по барање на министерот и директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, без учество на органот на управување (незаконски), односно, поконкретно кажано училиштето е оставено без орган на управување. За ваквиот незаконски и политички акт, ВД директорката Елена Николова, е наградена со вработување на нејзината ќерка Теодора Матиевиќ во Државниот просветен инспекторат-Советник на директорот Халит Фератов. А, покрај ќерката на ВД директорката, наградени ќе бидат со унапредување во повисоко звање и некои просветни инспектори.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -