12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Димовски: Платформата на албанските политички партии ја донесе победничката партија во опозиција

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска од собраниската говорница истакна дека тие како пратеници во Собранието имаат лична одговорност, повикувајќи никој да не им ја скрати дебатата, алудирајќи на апелот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вчера упати апел да се разговара за сите прашања.

„Од 50 пријавени за збор, тројца се од СДСМ. Верувам дека ова дебата ќе помогне многу да се расчистат дилемите на граѓаните“, рече Димовски.

Димовски праша кој му го дал правото на Ахмети и неговата партија да одлучува победничката партија да биде опозиција.

„Оваа ваша одлука за победничката партија да биде опозиција, создава нервоза“, рече Димовски.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави