12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Милошоски: Претседател на Собранието не смее да биде аболициран криминалец и некој кој се залага за платформата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска од собраниската говорница рече дека согласно волјата на народот , претседател на Собранието треба да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Оваа Комисија за избори и именување која деновиве ќе работи мора да биде морална и етичка, бидејќи во нејзе се расправаат крупни прашања. Кандидат за претседател на Собранието не смее да биде аболициран криминалец или некој кој нема интегритет да одбие туѓи платформи. Претседател на Собранието треба да е личност која не се залага за ревизија на Охридскиот рамковен договор“, рече Милошоски.

Тој потсети дека Рамковниот договор е договор на меѓународната заедница и на внатрешните структури за мир и дека секоја натамошна ревизија отвара ризици, замки и пандорини кутии кои може да доведат нестабилност.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави