13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Коцевски: СДСМ нема да има повеќе од 25 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ е блиску до 61 пратеник!

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски во интервју за „Република“ рече дека СДСМ на претстојните избори нема да има повеќе од 25 пратеници, но и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е блиску до 60 пратеници.

– Граѓаните можат да бидат спокојни, видоа дека оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ не дозволи уставни промени. Победата е извесна. СДСМ нема да добие повеќе од 25 пратеници, сега тие ги молат своите газди, Ахмети и ДУИ за да можат да им помогнат, ќе видиме како ќе биде, но во било која варијанта ние сме блиску до 61 пратеник и ќе бидеме апсолутни победници на изборите.

Коцевски истакна дека по изборите ќе има одговорност за власта, но ќе има слобода за уставобранителите.

поврзани објави

Последни објави