3.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Заканите на ДУИ и СДСМ пропаднаа во вода: Изгласани министрите на ВМРО-ДПМНЕ, нивните пратеници останаа воздржани!

Заканите од ДУИ и СДСМ дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за Владата, дека нема да добијат поддршка и нема да бидат гласани министрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада, пропаднаа во вода.

Имено, Собранието со 65 гласа „за“ и тројца „против“ ја изгласа техничката влада предводена од Талат Џафери. На седница присуствуваа 111 пратеници. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се воздржаа од гласање на техничката влада. Основна задача на преодната влада е организирање фер и демократски парламентарни избори.

Премиерот Џафери и министрите дадоа свечени изјави по изгласувањето на Владата.

Во составот на преодната влада прв заменик – премиер на Владата и вицепремиер за европски прашања да биде Бојан Маричиќ, додека Артан Груби – министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Панче Тошковски на предлог на ВМРО-ДПМНЕ е министер за внатрешни работи, како и Ѓоко Велковски за министер за труд и социјална политика.

На досегашните места остануваат Кренар Лога – министер за правда, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши – министер за економија, Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фатмир Меџити – министер за здравство, Јетон Шаќири – министер за озбразование, Ристо Пенов – министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура, Азир Алиу – министер за информатичко општество и администрација, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Каја Шукова – министерка за животна средина, Фатмир Битиќи – министер без ресор задолжен за економски прашања и Славица Грковска – министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -