13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Џафери официјално ПРЕМИЕР, Милошоски распали: Македонскиот народ го направивте кираџија во сопствената држава!

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за оваа влада, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешнската собраниска седница за избор на техничка влада. Причините зошто ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа се оти смета дека не е законски премиерското место да го добие партијата која има помалку пратеници, како и партија која е поврзана со најголем број скандали во корупција.

Тој рече дека верните партнери на ДУИ денес македонскиот народ го направија кираџија во сопствена држава и приредија понижувачка дуизација на државата.

– Денес Ковачевски и Маричиќ евтино ја продадоа куќата и за нивните фотелји од СДСМ направија привезок на ДУИ, – порача Милошоски.

Тој на предложените министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ им порача да внимаваат на министрите од владејачката коалиција.

поврзани објави

Последни објави