23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Коцевски: Додека македонските мајки плачат за своите синови и ќерки кои заминуваат од Македонија, Ахмети слави со виски и песна, но не уште долго!

Додека македонските мајки плачат за своите синови и ќерки кои заминуваат од Македонија, Ахмети слави со виски и песна, но не уште долго!

На овие избори граѓаните, македонскиот народ ќе испрати порака до СДС и ДУИ.

На овие избори ќе се гласа за тоа дали се согласувате невработеноста да продолжи да расте, дали сте за повисоки даноци на чело со СДС и ДУИ, дали сте за филмски измами за измислени инвестиции кои никаде не можеме да ги видиме или пак сме за реална поддршка на сите граѓани, студентите, редовно покачување на стипендиите, изградба на студентски град, реконструкција на постоечките студентски домови, дали сме за поголеми пензии, дали сме за повисоки плати, отварање на нови работни места, пониски даноци, подобро здравство и образование, капитални инвестиции и инфрастуктура која ќе овозможи развој на цела Македонија!

На овие избори ќе се прати порака дека не сакаме славење со пури, виски и музика додека народот се чуди како да врзе крај со крај. На овие избори народот ќе ги казни овие од СДС кои државата ја претворија во партиска испостава на нивните газди ДУИ!

ВМРО-ДПМНЕ има одличен кадар во техничката Влада и тоа ќе го искористи да овозможи фер и демократски избори кои ќе гарантираат јасно изразување на волјата на граѓаните. До изборите заедно со нашиот претседател Христијан Мицкоски ќе го поминеме секое село, секој град во оваа наша прекрасна татковина Република Македонија, а по изборите и големата ПОБЕДА ќе работиме исклучиво во интерес на државата и нејзиниот развој!

поврзани објави

Последни објави